Имамот Фетулах Гулен, главниот политички противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, ги отфрли обвинувањата дека тој стои зад обидот за државен удар во Турција.
-Не верувам дека било кој на светот верува во обвинувањата кои ги кажа претседателот Ердоган. Всушност постои можност дека пучот е исцениран и можеби бил наменет за натамошни обвинувања против нас, рече Гулен во интервју за британскиот “Гардијан“.
Тој кажа дека се противи на секаква воена интервенција и дека секогаш пател кога се случувал државен удар во Турција.
-А сега, кога Турција е на пат кон демократија, јас не можам назад, рече Гулен.
Британскиот весник пишува дека здравјето на Гулен е сериозно нарушено, а обезбедувањето е подигнато на висок степен поради заканите на социјалните мрежи.
За барањата на Ердоган да биде предаден од САД во Турција, неговиот портпарол вели дека нема основа.
-Позицијата на американската влада секогаш била таква доколку постои некаков доказ дека Гулен го рпекршил законот, таа ќе се позанимава со тоа. Засега, турската власт не најде никаков доказ. Ова е земја на закони и сите зависиме од тоа, рече тој.