Грк казнет 1,7 милиони евра за суровост кон животни: измачувал десетици мачки

Од:

Шеесет и тригодишен маж од островот Донуса, Грција, е казнет со повеќе од 1,7 милиони евра за суровост кон животните, соопштија властите, објави грчкиот медиум eKathimerini.

Човекот држел 58 мачки заклучени и неухранети, соопшти полициската управа на Наксос и Мали Киклади. Тој е уапсен по жалби од соседите и се соочува со сериозни обвиненија според законите за заштита на животните во земјата.

Се очекува вкупната казна да надмине 1,74 милиони евра, бидејќи властите продолжуваат да истражуваат дополнителни прекршоци, вклучително и недостатокот на микрочипови и здравствени картони кај мачките.

Осомничениот, кој претходно бил на радарот на властите за слични кривични дела, е однесен во канцеларијата на обвинителот во Наксос.

Би можело да ве интересира

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Со дрон се обидоа за внесат мобилни телефони во затвор во Грција

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

Фатена е криминална група во Солун – прошверцува над 17 милиони цигари

А1он

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он