Грижа за животните и за околината, во 44 града во Хрватска нема да има огномети за Нова Година

Од:

На новогодишна ноќ годинава, дури 44 хрватски града и општини, меѓу кои и Загреб, нема да имаат огномет, туку ќе ги заменат со еколошки и атрактивни светлосни сензации, со цел да се заштитат животните и животната средина од негативни последици.

Со оглед на тоа што Хрватска има 428 општини и 127 градови, приклучувањето на градовите и општините кон оваа идеја е бавно, но се движи.

Затоа, здружението „Пријатели на животните“ ги пофали сите што го одбиле огнометот за безбедноста на луѓето, животните и животната средина, како и продавниците кои не продаваат пиротехнички средства.

„Се ближи уште еден крај на годината, кој поради пиротехниката може да биде фатален за многу животни, а за некои деца придружени со страшни повреди. Пиротехниката ги вознемирува луѓето и животните, ја загадува околината. Плаши, повредува, предизвикува инвалидитет кај луѓето, а дури и убива животни“, предупредува Лорена Херцег од здружението Animal Friends.

Ужасно страдаат домашните животни, нивните старатели не можат нормално да ги шетаат кучињата, а најголем страв им е да не му откаже срцето на животното, што, за жал, не е реткост.

„Секаде каде што има пиротехника, без разлика дали се тоа петарди, ракети или огномет, птиците и дивите животни се убиваат“, предупредува Херцег.

Посочува дека се повеќе градови во Хрватска се откажуваат од организирање на огномет, со тоа покажуваат етичка и еколошка свест, грижа за сите граѓани, децата, старите и болните и за животните кои директно ги спасуваат од страв и пропаст.

Херцег смета дека е несоодветно да се даваат пари за ова, а може да се користат за други цели или донации.

Ровињ, Опатија, Самобор, Риека, Пула, Црес, Вараждин, Осиек, Пореч, Задар, Пожега, Загреб, Винковци, Вировитица, Мали Лошињ, Цриквеница, Дубровник се дел од градовите во кон нема да има огномет.

Според Лорена Херцег, Сплит се уште не им се придружил на градовите и општините кои нема да користат огномет, но смета дека како втор по големина град ќе ги следи позитивните примери на Загреб, Дубровник, Задар, Риека, Осиек и други.

Но, неофицијално се дознава дека и годинава во Сплит ќе има огномет. Тие се уште немаат одговорено на прашањето на Хина дали ќе им се придружат на другите градови кои ќе го заменат со светлосни ефекти од градот.

„Од полицијата очекуваме строго спроведување и контрола на законската забрана за употреба на петарди.Следен чекор во законската регулатива дефинитивно треба да биде ограничување на пиротехниката само за Нова година, а не како што е дефинирано сега, од 27 декември на денови кога ништо не се слави“, вели Херцег.

Првиот град во Хрватска кој решително му кажа „не“ на огнометот во 2019 година беше Мали Лошињ, на чело со градоначалничката Ана Кучиќ, која потоа најави дека се приклучуваат на дестинациите на Европската унија кои во новата 2020 година ќе влезат без огномет.

Градот се сврте во насока да не се одржува огномет затоа што со текот на годините тоа го бараа сопствениците на домашни миленици.

„На овој начин сакавме да обезбедиме мирна вечер за домашните миленици кои се плашат од експлозии од експлозивни направи вели Кучиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик