Голем број грчки потрошувачи ја осудуваат одлуката на грчката компанија „Елбиско“ да го пресели производството на двопекот „Елит“ во Скопје, јавија медиумите во Грција.
Истакнувајќи дека на двопекот кој се продава во Грција пишува „Направено во Македонија од Жито лукс за Елбиско“, потрошувачите се жалат дека „компанијата одлучила да го пресели производството во Скопје и со тоа да остави десетици луѓе без работа во време на економска криза“.
„Ова покренува многу прашања зошто уште една грчка компанија избира да се богати од Грците… хранејќи ги… Скопјаните“, пишува грчкиот портал „Њузбомб“.
Порталот пренесува и коментари на „загрижени потрошувачи“ кои ги обвинуваат грчките бизнисмени затоа што профитот го ставаат пред се и одлучуваат да ги поддржуваат другите балкански економии а не својата за да ги спасат семејствата на оние што им прават профит.