Грција засилено ќе контролира дали здравствените мерки се почитуваат на бродовите

Од:

Грчката крајбрежна служба започнала со засилени и систематски контроли за почитување на мерките за заштита – како од патниците, така и од членовите на екипажот, во текот на целото патување со брод.

„Заштитата на здравјето на жителите на островите, но и на патниците и членовите на екипажот на бродовите, беше и останува одлучувачки приоритет,“ вели министерот за поморство и островска политика на Грција, Јанис Плакиотакис, во однос на контролите кои се спроведуваат по негова одлука.

Интензивирањето на проверките е во период на кога е зголемен бројот патници во бродовите, но и поради тоа што се очекува повеќе странски туристи да пристигнуваат во Грција.

На 1 јули, според планот на Атина, ќе се отворат сите аеродроми во земјата, како и копнените граници.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека земјата „се подготвува за следниот голем чекор на 1 јули, денот кога широко ќе се отворат портите на земјата за туризмот“.

„Прва наша грижа, како што континуирано истакнуваше премиерот Кирјакос Мицотакис е безбедноста на вработените, на жителите на туристичките дестинации, како и на туристите,“ рече Пецас.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он