Грција успешно го лансираше сателитот „Hellas Sat 4“

Од:

Од европската вселенска станица во Куру, Француска Гвајана, успешно беше лансиран сателитот „Hellas Sat 4“ во носечката ракета Ариана 5, што ќе ги користи грчката и кипарската орбита, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за телекомуникации на Грција, Никос Папас говорејќи за ЕРТ, веднаш по лансирањето истакна дека тоа е важен чекор за Грција и ќе придонесе за развој на економијата, додека, пак, грчкиот министер за одбрана, Евангелос Апостолакис смета дека и вооружените сили на Грција ќе имаат корист.

„Лансирањето на „Hellas Sat 4“ ќе ги зголеми нашите можности за автономни сателитски комуникации, за одбраната и безбедноста, а ЕРТ ќе ги искористи неговите можности“, рече Папас.

„Со лансирањето на „Hellas Sat 4“, Грција веќе зазема силна позиција на меѓународната вселенска мапа нудејќи услуги на високо ниво, онаму каде што е потребно. На грчките вооружени сили ќе им овозможи апсолутно сигурни сателитски комуникации“, изјави за ЕРТ министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис.

Сателитот произведен од „Lockheed Martin“ е со маса од 6.495 килограми, животен век од над 15 години, ги покрива географските области на Европа, Африка и Азија и ќе понуди телекомуникациски услуги, сателитски интернет, сателитското телевизиско емитување, сателитските податочни врски и слично.

Новиот сателит на „Hellas Sat“, што е прв од ваков вид во светот, паралелно ќе биде и хибриден сателит, а во орбитата ќе му се придружи на „Hellas Sat 3“ лансиран во 2017 година.

Лансирањето на сателитот во живо го пренесуваше грчката државна телевизија ЕРТ.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он