Грција: Според излезните анкети, Нова демократија на Мицотакис води на изборите

Од:

Конзервативците имаат убедливо водство на денешните парламентарни избори во Грција, покажуваат излезните анкети на шест агенции за испитување на јавното мислење.

Според нивните проценки, Нова демократија на поранешниот премиер Киријакос Мицотакис ќе победи со поддршка од 40 до 44 отсто од гласовите, што според проекциите би можело да и донесе 158 парламентарни места, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека Сириза на Алексис Ципрас ќе добие меѓу 16,1 и 19,1 отсто од гласовите (45 пратенички места), додека ПАСОК ќе освои меѓу 10 и 13 отсто (29) од поддршката на грчките граѓани.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер регистриран во близина на Санторини, Мицотакис повика на смиреност

Договорот од Преспа е неопходен предуслов за да се отвори европски пат на Македонија, вели Мицотакис

Мицотакис: Грција се соочува со сериозни демографски проблеми

Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не e во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција

А1он

Мицотакис – Руте: Поддршката за Украина мора да продолжи

А1он

Мицотакис: Најголемото оружје со кое располагаме е тоа што Грција е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје