Грција: Со Турција не преговараме, туку разговараме

Од:

Повторното започнување на прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција се разговори, а не преговори, истакна министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас, говорејќи на онлајн конференција за Источниот Медитеран организиран од Институтот за демократија Константинос Караманлис.

– Разговори значи дека се обидуваме да најдеме правила врз основа на кои ќе се одржат преговори. А зошто е тоа тешко? Бидејќи Турција не го прифаќа меѓународното право како стандардно правило, објасни Дендијас.

Контактите меѓу Грција и Турција ќе започнат набргу во Истанбул, по пауза од четири години, а портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека во следните денови ќе се знае точниот датум на одржувањето.

– Она што се чини, а е важно, е дека штом ќе започнат прелиминарните контакти, ќе одиме на намалување на провокативното однесување што го видовме во изминатиот период. Ова е затоа што би било незамисливо да се разговараме за одредување на нашите поморски зони и истовремено, на пример, да гледаме бродови во регионот, рече Пецас.

Во однос на можноста за телефонска комуникација меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Пецас се повика на изјавата на Мицотакис од минатата седмица дека е потребно да се исполнат два услови: доверба и добра подготовка.

– Ако постои ова, тогаш сè е можно, истакна портпаролот на грчката Влада.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки