Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини

Од:

Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните премини Кипи и Евзони по имплементирањето на ЕЕС системот, јави дописничката на МИА од Атина.

На широкиот работен состанок во Солун со учество на претставници на надлежните институции, безбедносните служби и локалните власти, Гулекас нагласил дека континуирано се зголемува туристичкиот и трговскиот сообраќај кон Грција, а „со европската директива за проверка на биометриските податоци на секое лице што влегува или излегува од земјата се создаваат дополнителни доцнења за време на неопходните полициски контроли“.

Додал дека состанокот имал за цел и целосна координација на сите инволвирани, додека пак одлуките за новите мерки, односно дополнителното зајакнување на информатичките системи и можноста за изградба на привремени технички решенија, како што соопштија од Министерството, „веднаш се пренесуваат на терен“.

Поконкретно, за денеска се закажани посети на специјални тимови на граничните премини Евзони, кон нашата земја и Кипи, кон Турција „со цел да ја разгледаат непосредната примена на дополнителни мерки што беа дискутирани на состанокот“.

Во тимовите ќе бидат вклучени претставници од Децентрализираната администрација Македонија – Тракија, од перифериите Централна Македонија и Источна Македонија – Тракија, од полицијата, од царинските служби, како и од надлежните општини.

Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис вчера од Халкидики посочи мора да ја имплементираат европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“.

Објасни дека прашањето со биометриската регистрација на границите има два аспекти, едниот е самиот процес, а другиот, застарената грчка инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда