Грција отфрла предлози на „тројката“ за кредити од 15,5 милијарди евра

Од:

Грција ги отфрла предлозите на кредиторите за продолжување на кредитната програма за пет месеци – до крајот на ноември, со доставување кредити од 15,5 милијарди евра, наведуваат грчки владини извори за агенцијата АНА-МПА.

Грчката страна отфрла предлози на институциите (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) за продолжување на актуелната кредитна програма со финансирање во износ од 15,5 милијарди евра, јави АНА-МПА.

– Сценаријата на масата на преговори се многу, но важно е – заеднички договор, изјавиле владините извори во Брисел.

Тие додале дека „предложеното финансирање е недоволно“ за потребите на државата.

– Договорот не треба да биде обнова на кругот од економски мерки за штедење, нагласиле изворите.

Меѓународните кредитори предложија денеска да продолжат до крајот на ноември втора кредитна програма за Грција со четири транши од вкупно 15,5 милијарди евра ако биде постигнат договор со нивни услови.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија