Грчката парламентарна делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (БСЕЦ) нема да учествува на редовната 59-та пленарна сесија што од 6 до 9 јуни 2022. што ќе се одржи во Москва, соопштија од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката е на претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, а ова е првпат Грција да отсуствува, по нејзиното членството во организацијата во јуни 1995 година.
-Ова е првпат грчка парламентарна делегација да не учествува на редовна работа и тоа на пленарна седница, со оглед на тоа што земјата домаќин Русија, кршејќи ја секоја смисла на меѓународното право, неиспровоцирано ја нападна Украина, предизвикувајќи огромни човечки и материјални загуби, соопштија од грчкиот Парламент
Во Организацијата за Црноморска економска соработка (БСЕЦ) членка е и Северна Македонија, како и Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција, Молдавија, Украина, Романија, Руската Федерација, Србија, Турција.
Извор: МИА