Грција ќе формира компанија за стопанисување со црковниот имот

Од:

Во Грција ќе биде формирана компанија за стопанисување со имотот на Грчката православна црква, јави Радио Атина.

Во формирањето на компанијата ќе учествуваат грчката држава и Атинската архиепископија, кои ќе бидат единствени акционери во неа.

За таа цел, грчкото Министерство за финанси ќе треба да направи измени во законот за имотите што имаат добротворни цели.

Акциите на новата компанија нема да можат да се префрлаат на трети лица, членовите на нејзиниот Управен одбор ќе ги именуваат министерствата за финансии и за образование и Атинската архиепископија.

Во Грција има 123 имоти за кои ќе се грижи новоформираната компанија и тие главно се наоѓаат во реонот на областа Атика. Нивната вредност се проценува на 45 милиони евра. Имотите ќе можат да им бидат доделувани на користење на трети лица под наем или под концесија.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија