Грција ги осуди инцидентите во Пермет и Ѓирокастро

Од:

Грција ги осуди инцидентите во албанските градови Пермет и Ѓирокастро и го повика албанскиот амбасадор во Атина, за да му врачи протестна нота.

Атина ги означи како недозволиви судирите во градот Пермет меѓу православните христијани и полицијата, испратена за да биде спроведена одлуката на Врховниот суд за враќање на православниот храм на општинските власти.

Во соопштението на грчкото Министерство за внатрешни работи се изразува загриженост и поради нападите од страна на непознати лица, кои со камења гаѓаа кон генералниот конзулат на Грција во градот Ѓирокастро. Во нападите се ранети двајца Грци, а врз објектот е нанесена материјална штета.

– Очекуваме виновниците да бидат уапсени од албанските власти, кои се должни да им стават крај на ваквите недозволиви инциденти, се нагласува во соопштението.

Ситуацијата во Пермет, по судирите меѓу православните жители и полицијата, која пред некој ден со сила влегла во храмот, според грчките медиуми се уште е тензична.

Православните христијани се уште се наоѓаат во зградата. Албанските локални власти тврдат дека храмот им припаѓа ним и оти тоа е културен центар.

Зградата била конфискувана од поранешниот комунистички режим во 1968 година и е претворена, како и стотици други цркви во земјата, во културен центар.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ