Грција достави до ЕК список со реформски зафати

Од:

Европската комисија потврди дека добиле од Грција список со реформи неопходни за продолжување на програмата за макрофинансиска помош за Атина. Тоа го соопшти прес службата на ЕК.

– Списокот е добиен ноќеска, нагласува прес службата. Сега експерти од ЕК и еврогрупата ќе направат првична оценка за тој список неопходен за ефектно продолжување на програмата.

– Конечната реакција, согласност и одобрување на грчките реформи треба да завршат во крајот на април, наведе дипломатски извор за Тасс.

Министрите за финансии од еврозоната во петокот одлучија да биде продолжена за четири месеци втората програма за кредитна поддршка од ЕУ, која завршува на 28 февруари. Планирано е Грција да склучи со европските партнери нов договор за финансирање.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот