Грција донесе нови правила за влез: се што треба да знаете пред да се упатите кон границата

Од:

Вчера беше донесена нова, заедничка министерска одлука на грчката Влада, која се однесува на одредбите за влез на странски државјани во Грција.

Според оваа одлука, која ќе важи до 7 јуни годинава, завршен е списокот со услови за влез на странски државјани во Грција.

Деца постари од 5 години сè уште треба да направат ПЦР-тест. Ново е што можат да влезат и туристи од БиХ и Република Српска, што не беше случај досега.

Формулар, вакцина, сертификати…
Списокот со услови за влез во Грција е следен:

1) Пополнет формулар PLF

Овој формулар можете да го најдете на travel.gov.gr

2) Доказ за имунизација

Овој сертификат може да биде во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина дадена во земјата, при што последната доза мора да биде примена најмалку 14 дена пред пристигнувањето во Грција.

Ако не сте вакцинирани, мора да имате негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, сепак задолжителен и за деца кои имаат повеќе од пет години. Ако сте го прележале коронавирусот треба да имате потврда дека сте биле позитивни на Ковид-19 во период од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето во Грција. Тоа се потврдува со позитивен ПЦР или антигенн тест со кој ви бил дијагностициран вирусот.

Новина во одредбата

Она што е ново е промената на забраната за влез во земјата за граѓаните на Босна и Херцеговина кои веќе влегуваат под истите услови како и оние граѓани кои претходно ја добиле таа дозвола, на пример Србија или Македонија.

Сепак, ништо не е променето за граѓаните на Црна Гора.

Преминот Евзони останува отворен од 7-23 часот (по грчко време).

Преминот Промахонас останува отворен цел ден.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина