Грција добива 3,6 милијарди евра од Фондот на ЕУ за закрепнување од коронавирусот

Од:

Грција добила исплата на 3,6 милијарди евра од доделените 30,5 милијарди од Фондот на Европската унија за закрепнување од пандемијата на коронавирусот, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис.

Домбровскис разговараше преку видео врска со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на неговата посета на Атина, бидејќи е позитивен на коронавирус.

Европскиот фонд за закрепнување обезбедува за Грција 12,7 милијарди евра заеми и 17,8 милијарди евра грантови до 2026 година, што е олеснување за земјата која штотуку излезе од децениската финансиска криза, а веднаш се соочи и со пандемијата на коронавирусот.

-Актуелната војна во Украина покажа колку брзо може да се променат настаните и дека сега сме во поинаква геополитичка реалност, рече Домбровскис.

Тој изјави дека тоа само ја илустрира потребата ЕУ да остане обединета пред руската бруталност и да се придржува до политиката за градење економска и социјална отпорност.

-Фондот ќе и помогне на Европа да остане силна дури и во лоши, како и во добри времиња, и заедно да ја градиме иднината, рече тој.

Планот предложен од Грција, при аплицирањето за средства, се фокусира на еколошките и дигиталните реформи, вработувањето и приватните инвестиции.

Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека добро ќе ги искористи средствата и дека ќе остане на вистинскиот пат, бидејќи неговата влада е посветена на реформите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина