Грчките власти на пристаништето Пиреја запленија 13 тони говедско месо од Романија

Од:

Грчките санитарни власти на пристаништето Пиреја запленија 13 тони замрзнато говедско месо со потекло од Романија, соопшти весникот „Елефтеротипија“.

Пратката со месо е дадена на лабораторски испитувања.

Според надлежните грчки органи, проверките се наметнати бидејќи две компании од британскиот пазар повлекле замрзната храна што соддржела 30 отсто коњско месо во нив, а веројатно тоа дошло од две кланици во Романија.

Според властите во Ирска и Велика Британија, досегашните тестирања не покажале дека консумирањето на посочената храна крие опасност за здравјето на луѓето.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он