Грчките медиуми за посетата на Нимиц на Скопје

Од:

Медијаторот Метју Нимиц со заминува охрабрен од посетите на Атина и Скопје затоа што властите на двете земји го увериле дека сакаат да се реши прашањето за името, јавуваат грчките медиуми.

Речиси без коментари, медиумите објавуваат целосни извештаи за посетата на Нимиц на Скопје, пренесувајќи ја веста на државната новинска агенција АНА-МПА која истакнува дека властите на двете земји изразиле желба за решавање на прашањето за името.

„Етнос“ ја пренесува изјавата на Нимиц дека „двете страни се блиску до сериозен и конструктивен приод кон проблемот за името“ и оти за Њујорк си заминува охрабрен со ветување дека ќе го интензивира преговарачкиот процес.

„Елефтеротипија“ истакнува дека тој позитивно одговори на прашањето дали верува дека по 20 години има шанси да се најде решение за името.

Под наслов „Нимиц со стари идеи во нов пакет“, „То Вима“ пишува дека идеите на Нимиц за кои се разговарало во Атина и Скопје не се нови туку се комбинација на стари размислувања во ново пакување. Овој заклучок произлегува од неговите изјави дадени во Скопје по средбите со државниот врв, заклучува весникот. За време на разговорите во Скопје на маса биле идеи подобро формулирани од порано во формат за кој Нимиц верува дека е поатрактивен и ги опфаќа барањата на двете страни.

„Та Неа“, цитирајќи го Нимиц потсетува дека тој на ова прашање работи од 1994 година и ја пренесува неговата изјава дека не се работи за сосема нови идеи, туку дека работите се развиваат и секогаш постои можност за креативност за да се постигне позитивен заклучок.

„Катимерини“ објави коментар во кој се прашува „зошто дојде Нимиц“ одговарајќи „за да се обиде да го одржи во живот преговарачкиот процес кој избледува и да разговара со двете страни за идеи како да се доближат една до друга, или како ’да се најдат’“. Весникот заклучува дека за да се постигне договор треба една од страните да отстапи од своите „црвени линии“, но прашањето е која?

Покрај извештаите за средбите на Нимиц со Скопје, сите грчки медиуми ја пренесоа и изјавата на портпаролот на Стејт Департментот Викторија Нуланд дека САД отсекогаш ги поддржувале напорите на Нимиц за решавање на долгогодишниот спор.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната