Грчките анархисти предизвикаа нови инциденти во центарот на Атина

Од:

Запалени автомобили и канти за ѓубре на плоштадот Егзархија во центарот на Атина е епилогот од синоќешните инциденти, што беа предизвикани од група анархисти со качулки на главите, кои уште еднаш побараа ослободување на сите приведени лица за тероризам, соопштија грчките медиуми.

Инциденти имало и во реонот на атинскиот Политехнички факултет, по протестот во кој учествуваа околу илјада анархисти.

Демонстрантите предизвикале материјални штети и врз канцелариите во седиштето на опозициската партија ПАСОК.

Полицијата не интервенирала во растурање на протестот на анархистите.

Медиумите информираат дека ова е уште еден насилен протест во центарот на Атина испровоциран од анархистите, кои во последно време бараат  затворање на затворите со особено строг режим, укинување на антитерористичките закони и  пуштање на слобода на роднините на приведените за учество во терористичката организација „Заговор на јадрата на огнот“.

Анархистите минатата недела ја окупираа зградата на Правниот факултет во Атина со барање за ослободување на терористот Савас Ксирос, а неколку дена пред тоа ги зазедоа и централните канцелариите во седиштето на партијата СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија