Грчкиот парламент одобри истрага против поранешниот министер за финансии Папаконстантину

Од:

Грчкиот Парламент одобри започнување на кривична истрага против поранешниот министер за финансии Јоргос Папаконстантину за вмешаност во скандалот со „листата Лагард“.

Постои сомнение дека Папаконстантину ги избришал имињата на тројца свои роднини од списокот со сопственици на банкарски сметки во странство за кои се сомнева дека затајувале данок, со што ги прекршил своите овластувања, дело за кое може да заврши во затвор.

Истовремено, барањето на опозицијата во истрагата да биде вклучен и поранешниот министер за финансии Евангелос Венизелос, кој моментално е лидер на една од владејачките партии ПАСОК, беше одбиено.

Параламентот не ги прифати и барањата за истрага против поранешните премиери Лукас Пападимос и Јоргос Папандреу.

Во 2010 година француските власти доставиле до Папаконстантину список, украден од банката ХСБЦ со податоци за сметки на околу две илјади Грци во Швајцарија, кои треба да бидат разгледани поради можно затајување на данок. Тогаш грчките власти не преземале никакви акции. Минатиот месец Атина повторно побара копија од списокот, при што беше утврдено дека имињата на тројцата роднини на поранешниот министер за финансии се тргнати од првичната копија.

Папаконстантину, кој беше министер за финансии во периодот 2009-2011 година ги отфрла обвиненијата, тврдејќи дека не извршил никакви промени на списокот со податоци, како и дека е жртва на завера.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он