Грчкиот архиепископ Јероним одби да користи државно возило

Од:

Архиепископот на Атина и цела Грција Јероним се откажа од користењето државен автомобил, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Поглаварот на Грчката православна црква изјави дека не сака да користи државно возило, како и дека бара да се поништи одредбата со која се обврзува секој архиепископ да користи такво возило.

– Никогаш не сум користел, ниту сакам да користам државен автомобил на Министерството за административна реформа и е-Влада, се наведува во писмото на архиепископот.

Јероним истакнува дека одбивањето да се вози со државен автомобил се наметнува не само поради тешката економска состојба, во која се наоѓа земјата, но и поради фактот дека тоа ја менува улогата на архиепископот да го претставува народот и го претвора во носител на државна власт, исправен против општеството.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина