Грчката влада го осуди нападот врз канцелариите на Нова демократија

Од:

Грчкиот владин портпарол Симос Кедикоглу го осуди денешниот напад врз централните канцеларии на партијата Нова демократија од владечката трипартитна коалиција во Атина, нарекувајќи го „нова, алармантна ескалација на напорите за всадување ужас во општеството“, пренесоа агенциите.

Неидентификувани напаѓачи изминатата ноќ отворија оган врз канцелариите на Нова демократија од автомат „Калашњиков“.

Полицијата соопшти дека куршум минал низ прозорецот на канцеларијата на конзервативниот премиер Андонис Самарас, но никој не бил ранет.

Владиниот портпарол изјави дека дури и симболичен напад врз премиерот е акт без преседан.

Според официјални лица, Самарас веќе не ја користи партиската канцеларија во  центарот на Атина и не бил присутен за време на пукањето.

-Околу 3 часот чуварите виделе двајца мажи како излегуваат од црн автомобил и како почнуваат да пукаат со „Калашњиков“ по зградата, која во тоа време била празна, изјави анонимен полицаец.

Според него, најмалку девет чаури биле најдени на местото и полицијата уште истражува опожарено возило, најдено на неколку километри од местото на пукањето.

Полициски сили за борба со тероризмот го обезбедиле целиот реон и ги проверуваат снимките на безбедносните камери крај партиските канцеларии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он