Грчката разузнавачка служба прислушкува членови на Златна зора

Од:

Грчката разузнавачка служба прислушкува членови на неонацистичката партија Златна зора во обид да докаже нивна вмешаност во злосторства по убиството на музичар познат по антифашистички ставови, наведува за западни медиуми извор од судството.

– Разузнавачката служба има овластување да прислушкува заради национална безбедност под услов суд тоа да го одобри, наведува изворот.

Грчките власти се обидуваат да докажат врска меѓу Златна зора и криминални активности по минатонеделното убиство на хи-хоп музичарот Павлос Фисас кое наводно, го извршиле неонацисти.

– Прислушкувањето со цел трае извесно време, додал изворот потенцирајќи дека операцијата почнала по убиството на музичарот.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија