Грчката полиција заплени 500 килограми албанска марихуана

Од:

Грчката полиција во соработка со свои колеги од Албанија, успеа да разбие група која се занимавала со меѓуанародна трговија со дрога, притоа запленувајќи половина тон марихуана.

Според полицијата, станува збор за акција почната на четврти април, а која била завршена синоќа со апсење на двајца грчки и еден албански државјанин, кој се смета за водач на групата.

– Нарко групата дрогата ја набавувала во Албанија и ја траспортирала со комби возила со бугарски регистарски таблички во правец на земјите од ЕУ, пренесува албанската агенција Балкан веб.

Запленетата дрога била откриена во две комби возила во зоната на местото Аспропирго во Грција.

Двајцата грчки државјани, на возраст од 56 и 61 година, биле сопственици на грчки транспортни компании, додека водачот на групата е 22-годишен албански државјанин.

Полициите на двете земји ја продолжуваат истрагата поради основано сомнение за вмешаност и на други лица.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда