Грчката полиција заплени 38 килограми кокаин и хероин

Од:

Грчката полиција во две одделени акции запленила 38 килограми кокаин и хероин, при што уапсила двајца грчки и шестмина албански државјани.

Во првата акција биле запленети 15 килограми кокаин, пронајдени во автобус кој сообраќал на релација Тирана-Атина. Дрогата била скриена во багажникот на автобусот, кој, според созанијата и претходно транспортирал дрога.

Приведени се возачот на автобусот и уште еден албански државјани. При контролата полицијата зпаленила и околу 29.000 евра, како и девет мобилни телефони.

Полицијата ја продолжува истрагата, бидејќи се сомнева дека во шверцот на кокаинот се вмешани и други лица.

Во втората акција, грчката полиција во соработка со американската служба ДЕА разбила албанско-грчка нарко група, која се занимавала со шверц на хероин.

Уапсени се двајца грчки државјани на возраст од 43 и 53 години, како и четврица албански, на возраст од 25, 26, 27 и 30 години, при што се запленети 23 килограми чист хероин.

Крајната дестинација на дрогата била Италија, каде требало да ја префрлат албанските државјани.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда