Грчката полиција заплени 300 килограми марихуана од Албанија

Од:

Во две одделни акции грчката полиција заплени 300 килограми марихуана, која била донесена од Албанија.

Двајца албански и еден грчки државјанин се уапсени кај селото Филат, во близина на пограничниот град Игуменица. Тие транспортирале 206 килограни распоредни во 63 пакетчиња.

Во втората акција, во близина на аеродромот во Јанина уапсени се тројца грчки државјани, кои во возилото со кое патувале пренесувале 86 килограми марихуана.

Полицијата се сомнева дека во шверцот на марихуната се вмешани и други лица, па не се отфрла можноста дрогата други лица да ја транспортирале до албанско грчката граница илегално, по што ја презеле сега уапсениет лица од грчка територија.

Според медиумите, само во текот на овој месец албанската, грчката и италијанската полиција заплениле околу пет тони марихуана произведена во Албанија, а над 500 килограми полициите на соседните земји на Албанија.

Би можело да ве интересира

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ