Грчката полиција заплени 160 килограми албанска марихуана

Од:

Грчката полиција во бизина на Игуменица заплени 160 килограми албанска марихуана. При акцијата се уапсени две лица, а по уште три други и натаму се трага.

Според полициски извори, дрогата на грчка територија била транспортирана со помош на добиток преку зелениот појас од селото Чифлик кај приморскиот град Саранда

– Дрогата е запленета при контрола на автомобил со кој патуваа двајца грчки државјани на возраст од 22 и 24 година, кои веднаш се упасени. Налог за апсење е издаден по уште двајца грчки и еден албански државјанин, соопштила грчката полиција.

Пред два дена грчката полиција заплени 236 килограми албанска марихуана и уапси тројца грчки државјани во близина на грчко-албанската граница. Полицијата се уште трага по еден албански државјанин кој бил член на групата.

Во исто време, албанската полиција изутринава заплени 145 килограми марихуана во близина на селото Грехот, кај Ѓирокастро во јужна Албанија.

Дрогата, која била спакувана во пакетчиња од по пет килограми, била сокриена во автомобил, чиј возач успеал да и побегне на полицијата. Крајната дестинација на дрогата била Италија.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда