Грчката полиција заплени 109 килограми марихуана

Од:

Грчката полиција при рутинска конторла на камион со албански регистраски таблички, на преминот Капштица, утрово запленила 109 килограми марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.

Дрогата била пакувана во 98 пакетчиња и скриена во шасијата на возилото. Уапсен е возачот на камионот, 42-годишен албански државјанин, а освен дрогата биле запленети и поголема сума на пари и два мобилни телефони.

Ова не е прв случај на заплена на албанска дрога од страна на грчката полиција. Од почетокот на годинава, таа има запленето над два тони марихуана, која, според албанските медиуми, главно е произведена во селото Лазарат, познато по производство на холандски сорти марихуана.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда