Грчката полиција уапси маж кој имал над 2,5 милиони фајлови со детска порнографија

Од:

Во северна Грција е уапсен маж кај кого биле откриени најмалку 2,5 милиони слики и видеа со детска порнографија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека Секторот за борба со сајбер криминал добил информации преку Европол по операцијата на „Darknet“ спроведена од француските власти на почетокот на минатата година, по што произлегло дека и во Грција има електронски траги на корисник на интернет, кој поседувал и споделувал фајлови со детска порнографија, преку различни веб страници.

Било известено Обвинителството во Атина и спроведена прелиминарна истрага, по што бил откриен и идентитетот на уапсениот кој е од северна Грција.

Полицијата направила претрес во домот и пронашла и одзела четири хард дискови со вкупен капацитет од 15 терабајти.

-Од истрагата на лице место на горенаведените дискови, полицијата откри дека содржат најмалку 2,5 милиони слики и видеа со содржина на детска порнографија, со големина од околу 3,5 терабајти, соопштија од грчката полиција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина