Грчката полиција денеска соопшти дека уапсиле 25 анархисти кои упаднале во катедрала во Солун и прекинале миса извикувајќи слогани и фрлајќи летоци.
Анархистите протестираа поради полициска операција од средата кога анархисти и бегалци беа исфрлени од три згради во Солун нелегално запоседнати.
Во полициската акција приведени биле 74 анархисти од кои 64 странци од Австрија, Германија, Франција, Данска Британија, Италија, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Шпанија и Швајцарија. Бегалците вкупно 33, се пуштени, соопшти полицијата.