Грчката полиција разби криминална мрежа која уредувала фиктивни бракови

Од:

Грчката полиција разби криминална мрежа која уредувала фиктивни бракови со граѓани од трети земји, објави денеска електронското издание на грчкиот весник „Етнос“.

Во случајот се вмешани 173 лица, меѓу кои седум адвокати, двајца преведувачи, двајца општински службеници и еден државен службеник.

Во вторникот во полициска операција во неколку градови во земјата се приведени единаесет членови на групата, меѓу кои девет Грци и двајца странци. Се трага по уште пет лица.

Мрежата дејствувала од 2010 година кога го озаконувала статусот на граѓани на трети земји преку склучување бракови со грчки државјани или граѓани на други земји-членки на ЕУ. За услугата имигрантите плаќале меѓу 700 и 7.000 евра.

Според полицијата досега се склучени 68 бракови при што се планирано склучување на други 79.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он