Грчки полицајци од силите за борба против нереди упаднаа во депо на атинското метро, каде беа забарикадирани работници од подземната железница кои веќе неколку дена штрајкуваат.
Операцијата беше преземена откако Владата објави граѓанска мобилизација, за да ги запре протестите против планираните намалувања на платите.
Полицијата успеа да продре во депото рано утринава и да истера оттаму десетици штрајкувачи.
Властите ги отцепија патиштата, кои водат кон метрото во западниот дел на грчката престолнина, за да попречат на стотици поддржувачи на штрајкувачите да стигнат до таму.
Владата издаде граѓанска мобилизација на службениците на метрото, кои протестираат против кратење на платите. Оние кои нема да се потчинат на наредбата и одбијат да се вратат на работа, ризикуваат да бидат отпуштени и уапсени.