Грчка учителка уапсена под обвинение за детска порнографија

Од:

Грчкиот оддел за борба против електронски криминал денеска приведе 52-годишна учителка поради обвиненија за детска порнографија, наведува весникот „Катимерини“.

Според извори на весникот полицијата ја открила жената, учителка по странски јазици во приватно училиште, по информации од холандска новинарка, чија истрага за познат холандски педофил ја донела до грчката учителка.

Претставувајќи се како педофил, Холанѓанката ја посетила Грција и се сретнала со 52-годишната учителка, пред да ги алармира властите.

При претресот на домот на учителката се откриени 34 списанија, кои содржат снимки на деца подложени на сексуална злоупотреба и бележник со податоци за педофилска организација во Грција сo имиња на наводни нејзини членови.

Таа е првата жена во Грција, обвинета за поврзаност со детска порнографија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он