Градоначалникот од владејачката партија во Турција, повреден во напад во Бурса, почина во болница

Од:

Градоначалникот од турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), кој беше тешко повреден во вооружен напад минатата недела во округот Бурса, во Северозападна Турција, почина во болница.

Градоначалникот на округот Гурсу во Бурса Џонет Јилдиз беше повреден во пределот на главата во својот кабинет на 20 мај од вработен во општинската полиција.

Нападот беше извршен на три недели пред парламентарните избори во Турција, кои ќе се одржат на 7 јуни.

Во изминатиот период тензиите во Турција пред изборите се зголемуваат. Во експлозии на 18 мај во два центри на прокурдската Демократска партија на народите беа повредени шест лица. Вчера веше извршен напад врз предизборен автобус на владејачката АКП во Батман, во Југоисточна Турција, без повредени, а денеска кандидатка за пратеник на опозициската Републиканска народна партија Елиф Доган Туркмен беше повредена во вооружен напад во Адана.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ