Градоначалникот на Прешево се заканува со оставка ако биде отстранет споменикот на ОВПМБ

Од:

Градоначалникот на Прешево, Рагми Мустафа најавил оствка од функцијата доколку биде отстранет споменикот на борците од ОВПМБ(ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац), поставен пред општинската зграда, јави дописникот на МИА.

– Подготвен сум да поднесам оставка од функцијата градоначалник на Прешево, доколку биде отстранет споменикот. Исто така целосно ќе се повлечам од политичкиот живот, доколку се случи такво нешто. Отстранувањето на споменикот ќе созаде тешка ситуација во Прешевската долина, изјавил Мустафа за косовската телевизија.

Од друга страна, како што пренесува порталот Алмакос, спрскиот премиер, Ивица Дачиќ, ја повикал меѓународната заедница да изврши притисок врз Албанците во Прешевската долина сами да го отсранат споменикот.

На споменикот, како што изјавил тој, не му било местото тука, зашто тој бил подигнат за „оние кои извршиле терористички акти и поголемиот број од нив се припадници на ОВПМБ“.

– Неможно е и во Америка да се подигне споменик за оние кои убивале полицајци или биле дел од терористички организации, изјавил Дачиќ.

Како што деновиве пренесе тиранскиот весник „Шекули“, официјален Брисел порачал ова прашање да го решат страните сами, зашто тоа било внатрешно прашање на Србија.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски