Бања Лука попладнево ја зафати големо невреме проследено со силен ветер и поројни дождови, што предизвика поплави по улиците, а врз некои угостителски објекти е причинета и материјална штета.
Поради невремето сообраќајот во градот е блокиран, а возачите ги запреле своите автомобили бидејќи движењето било невозможно.
Во некои делови од градот дошло и до прекин на електричната енергија, а метеоролозите и за утре најавубаат дожд со грмотевици.