Голема Албанија на првата страница на албански учебник по географија за четврта година средно образование, пишуваат српските медиуми.
На картата биле опишани “албанските области”, во кои влегуваат Косово, делови од Црна Гора, Србија, Македонија и Грција.
Албански подрачја во Црна Гора се Улцињ, Плав, Гусиње и Рожај. Тие подрачја (“краини”), како што се вели во учебникот, до 1912. година биле “дел од геополитичката компактна целина на Албанија”, а “по балканските војни и турската капитулација се освоени од Црна Гора”.
Албански делови во Србија, според мапата се Бујановац и Прешево.
На страницата 13. од учебникот се вели дека на Берлинскиот конгрес во 1878. година се “донесени одлуки на штета на албанскиот народ”.
“Овој конгрес неправедно на Србија и го доделил источниот дел на Косово, а на Црна Гора Бар, Подгорица, Плав и Гусиње”, пишува во албанскиот учебник по географија.
На 197 страница во учебникот се објавени прашања: “Покажете ја албанските области на мапата на Црна Гора”, “Кога овие области се одделени од Албанија?”, “Што е иднината на овие области и како може да се подобри нивната економска и културна ситуација?”