Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Од:

Осум работници се повредени во пожар во фабриката за мебел „Ализино“ во населбата Буквик во близина на Брчко. Сите се пренесени во Општата болница Брчко со тешки респираторни компликации, потврди за СРНА портпаролот на Здравствениот центар Брчко, Салих Ибрахимовиќ.

– Сите повредени се згрижени, приклучени на кислород и во моментов се надвор од животна опасност – изјави Ибрахимовиќ.

Пожарот ги зафати поголемиот дел од објектите на фабриката. Пожарникарите со околу десетина возила се уште се на местото на настанот, обидувајќи се да го локализираат пожарот.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он