Голем дел од Далмација, БиХ и Црна Гора се без струја на пеколни температури

Од:

Далмација остана без струја околу 12:25 часот.

Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштела, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица… Се чини дека струја практично нема во цела Далмација.

Засега нема информации од хрватски ХЕП. Веб-страницата на ХЕП исто така е „падната“.

Бројни градови низ Босна и Херцеговина останаа без струја, пренесува Независне новине.

Струја нема во Бања Лука, Прњавор, Котор Варош, Сараево, Дервента…

Цела Црна Гора нема струја. Пожар избувна на далновод, јавува portalanalitika.me. Струја нема во Будва, Бар, Рисно, Подгорица…

– Речиси целата област на Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).

Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е прекин на мрежата на црногорскиот електропреносен систем.

Не се знае кога проблемот би можел да се реши, пишува pobjeba.me.

Би можело да ве интересира

Не се знае „виновникот“ за денешниот електричен крах во неколку земји од регионот

Експлозија на далновод во Црна Гора предизвика прекин на струја, потребни се хеликоптери за поправка

По Хрватска, БиХ и Црна Гора: Делови од Грција и Албанија немаат струја

Горан Наумовски

По синоќешниот напад на руските сили илјадници жители на Одеса се без струја

Горан Наумовски

Карпош утрово без струја, граѓаните стравуваат дека почнале рестрикции

Маја Илиевска-Пачемска