Голем број полицајци се присутни околу трамвајската станица во Виена, каде на видеото објавено пред некој ден наводно се гледа девојчето Данка Илиќ, која исчезна минатиот вторник во Бањско Поле.
Новинарката на српски Телеграф, која веќе неколку дена е во австриската престолнина, вели дека се зголемува интересот за исчезнатото девојче кај новинарите, но и кај граѓаните кои биле длабоко потресени од веста за малата Данка.
Таа додава дека на небото над станицата каде пред четири дена е снимено видеото, на кое се сомневаат дека е мала Данка со двајца романски државјани, прелетал хеликоптер.
Инаку, трамвајската станица каде е снимено видеото се наоѓа на 150 метри од главната полициска станица во Виена.
Веста за исчезнатата Данка ја пренесоа сите медиуми во Австрија, а нејзината фотографија со денови ја споделуваа српските државјани кои живеат во Виена, но и низ цела Австрија.
За потсетување, виенската полиција денеска објави итно соопштение во врска со исчезнувањето на српската државјанка Данка Илиќ.
Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста српската девојка да исчезнала на видеото.
„Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа сликите, се претпоставува дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција бара објавување на снимките по налог на јавниот обвинител“, соопштено е. .
Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени фотографирани со девојчето веднаш да се обратат во полиција.
Пријавете информации, исто така анонимни, на 01-31310-33800 или во која било полициска станица“, се наведува во соопштението.