Гневни Турци го нападнаа седиштето на прокурдската партија

Од:

Разгневени турски граѓани ја нападнаа окружната централа на прокурдската Партија за мир и демократија (ПМД) во градот Бинѓул, во истоимениот округ во источна Турција, каде во терористички напад, што неделава беше извршен од курдски сепаратисти, беа убиени десет турски војници и ранети 70, соопшти електронското издание на турскиот весник „Милиет“.

Стотици граѓани, кои се собраа пред седиштето на ПМД, почнаа да фрлаат камења, стапови и најразлични предмети врз членовите на партијата кои во тој момент се наоѓаа во зградата на прокурдската партија.

Како одговор на нападот курдските претставници, исто така, почнаа да ја гаѓаат разгневената толпа со различни предмети.

Напрегнатоста на местото на инцидентот и натаму ескалира.

Во реонот на судирите се испратени многу полициски сили.

Засега нема информации за настрадани во судирите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски