Глутница кучиња нападнаа дете во градинка во Суботица, па искасаa и ученици кои се враќале од училиште

Од:

Полицијата во Суботица го идентификуваше и пронајде сопственикот на кучињата кои денеска нападнаа деца.

– Се сомневаме дека кучињата на педесет и деветгодишниот маж од Суботица биле несоодветно обезбедени, поради што успеале да избегаат и да нападнат четиригодишно дете во дворот на предучилишна установа. По ова во близина на центарот на градот полесно повредиле и три деца кои се враќале од училиште – велат од СВР Суботица.

Комуналните милиции и работниците за азил ги пронајдоа кучињата и ги одзедоа од нивните сопственици.

По наредба на Основното јавно обвинителство Суботица, против осомничениот полицијата ќе поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност.

Според неофицијални информации, нападот со кучиња во Суботица се случил во населбата Радијалац, која е во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

ЈП Лајка: Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња

Предраг Петровиќ

Две момчиња од Тетово организирале борба на кучиња – заработија пријави од полицијата

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

A1on

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена