Главниот обвинител на Бугарија ги награди оние кои помогнаа да се спаси паднатиот српски автобус

Од:

Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев ги награди седумтемина бугарски државјани кои им пружија прва помош на настраданите во тешката несреќа со српскиот автобус на 14 август на автопатот Тракија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, церемонијата се одржа во Судската палата во Софија, а присуствуваше и српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ.

Јавниот обвинител им врачи плакети и заслуги на д-р Христо Стефанов, д-р Антон Елкин, Петар Канев, Живко Стамболиев, Ивилина Шкембиева, Илијан Шмилев и Теодор Бочев за нивната граѓанска храброст во брзата помош на повредените српски државјани.

Гешев во име на Обвинителството на Република Бугарија им се заблагодари на наградените и изјави дека за жал живееме во време кога добрата вест е лоша вест, а по неколку дена се сè заборава. И српскиот амбасадор во Бугарија им честиташе на спасувачите на неговите сонародници

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година