Глас Српске: Муниција од БиХ, преку Турција, завршува во Сирија

Од:

Три фирми од Турција купиле од претпријатија од Босна и Херцеговина околу 130 милиони куршуми, чаури, зрна и каписли за муниција, а се завршило во Сирија, во рацете на припадници на групи блиски до Ал Каеда, што се борат против режимот на Башар ал Асад, пишува весникот „Глас Српске“.

Муницијата и делови за нејзино производство се купени минатата година од компании за производство и промет на оружје во Коњиќ и Горажде, изјави за весникот извор близок до Министерството за одбрана на БиХ.

Според четири налози под ист број, компанијата „Макина ве Кумун“ од Анкара, купила од претпријатието „Игман“ од Коњиќ пет милиони куршуми, милион чаури и 500.000 парчиња зрна, наведува весникот.

Компанијата „Анатоли фисек“ набавила од „Унис Гинекс“ од Горажде 60 милиони каписли, тврди изворот за весникот.

Весникот „Независне новине“ наведува, дека турските компании користат стратегија за набавка на муниција во делови, бидејќи е полесно на тој начин да се пренесе преку граница.

Муницијата се полни во Турција, каде има кампови за обука на доброволци кои се борат на страната на сириските бунтовници.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе