Ѓулен: Немам врска со обидот за пуч

Од:

Турскиот верски лидер Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и се смета за најголем соперник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека го осудува обидот за воен удар во Турција и категорично ги отфрла обвинувањата дека има улога во обидот за насилно симнување од власт на Ердоган.

– Како некој кој доживеал страдања за време на повеќе воени пучови, особено е навредливо да бидам обвинет дека имам каква било врска со тој обид, истакна Ѓулен.

Турските власти денеска испратија известување до граничните премини и аеродроми со предупредување дека истакнати припадници на Движењето Хизмет на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, меѓу кои има и новинари, сакаат да ја напуштат земјата по обидот за воен удар.

Анадолија јави дека турските власти откриле листа со имиња на команданти и нивни заменици, кои би биле надлежни за време на вонредната состојба, ако пучот успеше.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ