Ѓулен ги осуди репресиите врз неговите поддржувачи во Турција

Од:

Исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а во Турција е обвинет за организирање на неуспешниот обид за воен удар, ги осуди репресиите на турските власти врз неговите поддржавачи.

Ѓулен, преку видео-врска на Советот за меѓународна политика во Филаделфија, истакна дека турската Влада го искористи обидот за пуч да ги оправда репресиите против неговите поддржувачи.

– Тие се подложени на тиранија, малтретирање и незаконско одземање на приватната сопственост. Тие репресии се мрачни страници во светската историја, посочи Ѓулен.

Тој демантира какво била вмешаност  во обидот за воен удар во јули во Турција, која бара негова екстрадиција од САД.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ