Ѓукановиќ: Заостануваме зад Европа, но со сигурни чекори одиме кон ЕУ

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора сигурно чекори кон Европската унија и НАТО, а поканата за НАТО, како што вели, ќе се добие кон крајот на годината.

Тој, меѓутоа, не е задоволен од темпото на развој во Црна Гора која и натаму заостанува зад Европа и оценува дека овој јаз може да се премости со паметно унапредување на деловниот амбиент, со користење на позитивните искуства и капитал.

Ѓукановиќ смета дека на Црна Гора и се потребни реномирани странски деловни партнери.

– Не сум задоволен со темпото на развој во Црна Гора, и чашата секогаш ја гледам како полупразна. Стапката на раст е недоволна, ние и натаму заостануваме зад Европа што е последица на заостанувањето на Балканот, но можеме да кажеме дека сме на добар пат, истакна Ѓукановиќ на собирот што го организира Американската стопанска комора во Црна Гора под насловот „Отворено со премиерот“.

Според негова оценка, невработеноста е најтешкиот социјален проблем на кој земјата му е многу посветена.

Премиерот зборуваше и за владеење на правото, како еден од клучните предизвици, истакнувајќи дека неговото потенцирање не е императив што се наметнува, туку внатрешна потреба.

Ѓукановиќ рече и дека нема економски развој без развој на инфраструктурата, како и дека „ покрај долгиот соживот на Балканот ние не се познаваме доволно, па затоа мораме да се поврзуваме, а тоа најдобро може да се реализира со помош на инфраструктурата“.

Црногорскиот премиер заклучи дека Црна Гора е атрактивна дестинација за инвестиции, но и дека се уште доста работи треба да се направат во отстранување на бизнис бариерите.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот