Ѓукановиќ стави вето на отповикувањето седум амбасадори, бара објаснување како работеле против интересите на државата

Од:

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ одби да го потпише указот за отповикување седум амбасадори и побара објаснување за тврдењата „дека тие работеле против интересите на државата“.

„Таквата проценка заслужува објаснување. Најпрво заради луѓето за кои станува збор. Не помалку важно, заради земјите каде што ја извршуваат должноста амбасадор. А не е неважно, и заради претседателот на Црна Гора кој им ги потпиша акредитивните писма со кои на шефовите на државите им препорачува прием, изјави Ѓукановиќ.

Во врска со одлуката на министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ да се повлечат седум амбасадори, со образложение дека тие не работеле во согласност со интересите на државата, тој додаде дека донесувањето указ ќе значи дека тој се согласува со тие „паушални, политикански и реваншистички проценки“.

– Се разбира, не е непозната праксата и на другите земји, по промената на власта, да менуваат голем број дипломати, претежно кои не се со кариера, со политичко објаснување. Сепак, ваквите легитимни политички потези на новата влада треба да се преземат без да се клеветат луѓето, без да се уништи нивниот морален и професионален интегритет, рече црногорскиот претседател.

Радуловиќ бара отповикување на црногорските амбасадори во Кина, Србија, Обединетите Арапски Емирати, Светата Столица, Италија, Босна и Херцеговина и во Германија.

Во меѓувреме, претседателот на Парламентот на Црна Гора, Алекса Бечиќ, официјално потврди дека свикал вонредна седница на Собранието за 20 јануари.

Според дневниот ред на вонредната седница, ќе се повтори гласањето за сите закони усвоени на претходната седница, на 28 декември минатата година, меѓу кои е и изменетиот Закон за слобода на вероисповед.

Пратениците повторно ќе гласаат за пакетот закони што претседателот Мило Ѓукановиќ одби да ги потпише.

Причина за враќањето, според образложението на Ѓукановиќ беше отвореното прашање за кворум на седницата на која биле усвоени тие закони.

Во образложението се наведува дека согласно член 90 став 3 од Деловникот на Собранието на Црна Гора, пропишано е дека кворумот се утврдува со примена на системот за електронско гласање, на таков начин што секој пратеник е должен лично да се идентификува (регистрира) со вметнување лична карта на седиштето или врз основа на евиденцијата на генералниот секретар на Собранието. – Затоа, прашањето е дали имало кворум на почетокот на седницата и усвојувањето на нејзината агенда, а со тоа и прашањето за демократскиот легитимитет, како и усогласеноста на донесените закони со Уставот на Црна Гора и применливите законски прописи, изјави тогаш Ѓукановиќ за Танјуг.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала