Ѓукановиќ: Русија сака со пари да влијае на изборите

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека група партиски лидери, здружени околу коалицијата Фронт, со големо количество пари добиени од Русија по тајни канали, се обидуваат да влијаат на резултатите од претстојните парламентарни избори во Црна Гора.

– Постојат луѓе кои се подготвени за мала сума пари да се поиграат со националните интереси, што е неодговорно, непатриотски и недостоинствено, изјави црногорскиот премиер.
Тој посочи дека генерации предци на црногорскиот народ, иако живееле сиромашно, не ги продавале државните интереси, пренесува Танјуг.

– И сега, се најде група партиски лидери собрани околу коалицијата Фронт, која очигледно со голема сума пари уфрлени од Русија по тајни канали, се обидува да влијае на резултатите од изборите. Значи, дека ги жртвува националните интереси, ги продава националните интереси на Црна Гора за Русија, во своето одмерување на силата со западот, да ја покаже својата важност, оцени Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба