Ѓукановиќ: Проширувањето на ЕУ треба да биде на партнерска основа

Од:

Процесот на проширување и преговори со ЕУ треба да се базира на партнерска основа, бидејќи во спротивно би можел да се третира како анексија, изјави синоќа црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

– Процесот на проширување и преговори е партнерски процес и секој мора одговорно да ја понесе својата партнерска улога во него, потенцира Ѓукановиќ во интервју за Радио телевизија Црна Гора.

Според него, доколку во текот на тој процес не се воспостават партнерски односи, тогаш „би можело да се каже дека тоа е еднострана одлука која попрво би можела да се нарече анексија, отколку доброволно партнерство од заеднички интерес, кое е дефинирано со преговори“.

– Тоа во најголема мерка зависи од земјата за која претпоставуваме дека сериозно ја дефинирала својата цел дека сака да биде дел од ЕУ, која води политика што се базира на зачувување на своето национално достоинство и која сака да биде рамноправен партнер, нагласи Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД